Вардар во акција: Ќе прави трофејна соба - побара помош и од навивачите!

Ракометниот клуб Вардар објави дека почнува акција во која со помош на навивачите сака да ги собере дресовите со кој клубот настапувал во минатото.

Имено, од Вардар повикаа секој навивач кој има стар оригинален дрес за кој знае од која сезона е може да го даде на клубот со цел да биде поставен во трофејна соба која клубот ќе ја направи во салата „Расадник“, а за возврат би бил награден со нов дрес, сезонски билет и ВИП пристап во салата и средба со тимот.

„Имате стар, оригинален дрес на Вардар? Дрес кој за вас има посебно значење?

Сега имате можност да стане дел од клупската историја. Работиме на нова трофејна соба во „Расадник“ и сакаме да ги собереме сите ретро дресови со кои Вардар настапувал низ годините.

Доколку вашиот дрес е сочуван, во добра состојба и се знае од која сезона е, можете да го донирате во клубот. Секој прифатен дрес ќе биде награден со:

- нов дрес или комплет

- сезонски билет

- VIP пристап во салата

- средба со тимот

Биди дел од историјата на Вардар.

побарај не на

е-пошта: contact@rkvardar1961.com

телефон : 070 936 601

пиши ни на социјалните мрежи“, стои во објавата.