Куманово прв го „изеде стапот“ - ќе плати 100.000 денари поради знамињата на Кумани (ВИДЕО)
Комесарот Александар Милојевиќ пред неколку недели ги извести суперлигашите дека во иднина не смее да има било какво попречување на директниот пренос, што е спротивно на заложбите за афирмација на македонската кошарка, а како потенцијални казни се наведува сума од 100.000-150.000 денари. Кумановци први на себе ја почувствуваа оваа санкција откако делегатот на мечот пртив ТФТ (76-83) пријавил дека „навивачката група Кумани, која била сместени на трибината спроти записничката маса и веднаш под камерата за видео стрим користела навивачки знамиња кои го попречувале видео стримот на натпреварот“.
Оваа казна сигурно ќе делува како опомена како за луѓето од Куманово, кои за следен ваков прекршок ќе се соочат со поголема санкција, така и за другите екипи со оглед што станува збор за сериозна сума, која осетно ќе ја исшразни клупската каса.