Ужасно: Се сруши кровот на култната сала „Дражен Петровиќ“ во Загреб (ВИДЕО)
Најголемо внимание привлече штетата на култниот Кошаркарски центар „Дражен Петровиќ“, каде што силниот ветер направил сериозни оштетувања на покривната конструкција. Според локалните информации, куполата буквално пукнала и се поместила, а делови од неа паднале директно на паркетот. Поради тоа, салата сега прокиснува и е целосно затворена додека не се санира штетата.
„Ситуацијата е многу лоша – ветерот ја извади куполата од лежиште. Ја затворивме салата за да не се повреди некое дете на тренинг“, изјави очевидец.
Оваа сала, со капацитет од над 5.000 гледачи, е дом на Цибона и сведок на многу историски моменти на поранешниот европски шампион, а ја користат и други клубови и за различни настани. Изградена во 1987 година за потребите на Универзијадата, подоцна го доби името по легендарниот Дражен Петровиќ, и важи за едно од најпрепознатливите спортски објекти во регионот.