Хаос на концерт во Белград поради Ѓоковиќ – грчки пејач го прекина настапот (ВИДЕО)
Присуството на српскиот тенисер привлече големо внимание кај посетителите, а во еден момент пејачот го прекина настапот за јавно да му оддаде признание.
„Аплауз за најдобриот на сите времиња, легендата Новак Ѓоковиќ“, изјави Аргирос од сцената, по што следуваше силна реакција од публиката.
Ѓоковиќ засега нема најавено каде ќе се врати на теренот, а имаше шпекулации дека ќе го пропушти дури и Ролан Гарос.