Данскиот селектор знаел што ќе се случи во второто полувреме
Македонија доживеа тежок пораз во Данска, загубивме со 4-0. Не успеавме да создадеме ниту една сериозна шанса, за разлика од противникот кој напаѓаше во текот на сите 90 минути и креираше опасност по голот на Димитриевски.
Ример по мечот рече дека знаел дека нашите фудбалери ќе се исцрпат ако тие го држеле нивното силно темпо, па само прашање на време било кога ќе почнат да даваат голови.
„Мислам дека двете полувремиња беа слични. Единствената разлика беше што постигнавме голови по паузата. Мислам дека направивме многу исправни работи пред паузата. Бевме трпеливи, имавме многу добри утрчавања. Бевме блиску, речиси ќе погодевме“, вели Ример.
„Мојата порака до фудбалерите на полувреме, направив мали промени во тактиката, им реков да ја држат бризинаа. Во вториот дел влеговме со добра брзина и знаевме дека ќе ги исцрпиме доколку го држиме истото темпо“.