Бразил загуби од Франција, навивачите го бараат Нејмар! (ВИДЕО)
Откако Нејмар се пожали дека не доби повик, се случува вистинска кампања за тој да игра на Светско првенство.
Неколку бразилски легенди го кренаа гласот, а и Мбапе рече дека Светското првенство без Нејмар нема да биде исто.
Резултатот од мечот против Франција одеше во прилог на Нејмар, бразилските фанови на стадинот го извикуваа неговото име барајќи да биде вратен во составот.
Што се однесува до мечот, головите за Франција ги постигнаа Мбапе и Екитике, а за Бразил погоди Бремер.