Италијанците се израдуваа кога видоа дека БиХ го победи Велс! (ВИДЕО)

Босна и Херцеговина синоќа на пенали го победи Велс во Кардиф и обезбеди финале во баражот за Светското првенство во кое ќе игра против Италија.

Италијанците ја совладаа Северна Ирска со 2-0, па после на раат можеа да го следат дуелот меѓу Велс и Босна и Херцеговина во кој имаше продолженија па пенали.

Босанците го добија дуелот, а Италијанците се израдуваа. Веројатно сметаат дека Велс е потежок противник за нив отколку БиХ.

Ваквата нивна реакција во БиХ е сфатена како потценување, па останува да се види дали ова може да и се удри на Италијанците од глава.