Распали сопругата на херојот од Палермо: Ова не е човечки, ова не е нормално! (ФОТО)
Вечерва, неочекувано, со жестока реакција се јави сопругата на Александар Трајковски, херојот од историската победа над Италија (1-0) во Палермо во ист натпревар како вечерашниот само за СП 2022. Таа изрази максимална разочараност што нејзиниот сопруг воопшто не доби шанса од селекторот Гоце Седлоски.
„Вечерва видов нешто што ме заболе. Гледав човек кој со години се даваше себе си без резерва за националниот тим како седи на клупата и молчи. Достоинствено! Али јас не можам да молчам. Не барам привилегии, само почит за трудот и за годините кои не можат да се вратат. Кога ќе престанеме да ги цениме вистинските вредности, тогаш не губиме само играч туку го губиме и образот“, напиша меѓу другото госпоѓа Трајковска.
Целата нејзина рекација прочитајте ја на приложената фотографија.
