Луис Суарез го имаше промашувањето на годината, Хрватска ја победи Колумбија! (ВИДЕО)

Хрватска со 2-1 го доби пријателскиот меч со Колумбија кој се играше во САД, а она за кое се зборува од овој дуел е промашувањето на колумбискиот Луис Суарез.

При резултат 1-1, во 29. минута, Луис Суарез пред себе имаше празен гол, но ја промаши топката.

Што се однесува до головите. Колумбија поведе со погодок на Ариас уште во втората минута, Вушовиќ израмни четири минути подоцна. Победата за Хрватите ја донесе Матановиќ на три минути пред крајот на првото полувреме.