МЗТ ја одреди цената на билетите за дербито со Работнички (ФОТО)

Македонското кошаркарско дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички се игра в сабота од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“, а екипата од Аеродром го најави натпреварот и ја одреди цената на билетите за натпреварот.

МЗТ Скопје информира дека цената на билетите ќе изнесува по 100 денари, а притоа ги повика навивачите во сала.

„Полека наближува дуелот кој секогаш буди голем интерес во Аеродром – нашата пресметка на домашен против вечниот ривал Работнички! Секоја дланка и секој глас се важни – дојдете да се радуваме заедно на уште еден триумф над вечниот ривал! Билетите веќе се во продажба преку МК Тикетс (линк во коментари), а ќе може да се купат и на денот на натпреварот од 16 часот на билетарницата пред салата. Цена: 100 денари“, соопштија од МЗТ.