Репрезентативната пауза донесе главоболки за Флик и Барселона
Бразилскиот крилен играч почна како стартер во пријателскиот натпреварно беше заменет на полувреме. По натпреварот, Карло Анчелоти изјави дека напаѓачот почувствувал одредена непријатност.
Сепак, според „Мундо Депортиво“, првите контакти меѓу Барса и бразилското медицинскиот тим укажуваат дека станува збор за контузија. Првите тестови ќе се извршат денес, па целата слика за неговата состојба треба да биде појасна. Но, во текстот се потсетува и дека во прашање е десната нога која на Рафиња му беше повредена неодамна и поради таа повреда отсуствуваше речисис два месеци.
По репрезентативната пауза, Барселона ја очекува многу важна фаза со натпревари против Атлетико Мадрид и Еспањол, па затоа сакаат што побрзо да дознаат за каква повреда станува збор.