Коментатор го работеше натпреварот на Македонија, а скокаше од радост за - Косово! (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Косово вчера оствари голема победа над Словачка од 4-3 и така се пласираше во финалето на баражот каде што ги чека Турција со која ќе играат во Приштина на домашен терен.

На социјалните мрежи вирална стана реакцијата на коментарот Енгел Бербатовчи кој вчера имаше задача да го пренесува натпреварот на нашата репрезентација против Данска во Копенхаген каде што бевме поразени со 4-0.

Сепак, за него многу поважно беше што се случува на дуелот во Братислава и активно ги следеше случувањата на тој дуел и не ја криеше својата радост.