Претседател на македонски клуб уапсен во Турција - шверцувал злато во вредност од 300.000 евра!

Турските медиуми објавија голем скандал во кој се наведува дека претседател на македонски прволигаш бил вмешан во криумчарење на злато.

Информациите кои ги објавија „Адана Масаси“, „Вардарпрес“, но и неколку други медиуми, откриваат дека лицето Б.Х. било уапсено од страна на полицијата на патот меѓу градовите Батман и Сиирт на 24 март.

Полицијата во возилото на претседателот на екипата од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) открила злато со тежина од два килограми и 581 грам, кое е проценето на 300.000 евра.

Против осомниченото лице се поднесени судски постапки, а исто така се води истрага.