Шок за Гвардиола: Манчестер сити добива брутална казна!?

Поранешниот англиски шампион Манчестер сити би можел да се соочи со брутална казна поради одредени финансиски манипулации, а медиумите пишуваат дека гигантот наскоро ќе биде прогласен за виновен за 115 прекршоци.

На „граѓаните“ наводно ќе им бидат одземени дури 60 бодови, а тоа значи дека клубот ќе падна на последната позиција во Премиер лигата и следната сезона ќе игра во понизок ранг.

Манчестер сити, сепак, нема лесно да се предаде во правната битка затоа што веќе има доставено докази за случајот, но медиумите од Островот пишуваат дека сè оди против премиерлигашот во моментов.

Фото: Facebook/Manchester City