Неверојатната Ника Превц на Планица постави нов светски рекорд (ВИДЕО)

Словенечката скијачка Ника Превц беше одлична на двата тренинзи на скокалницата во Планица, при што на вториот оствари резултат од 242,5 метри со што постави нов светски рекорд во конкуренција на жени.

Ника Превц со ова го поправи својот претходен рекорд за дури 6,5 метри, откако минатата година скокна до 236 метри.

„Ова е најдобриот ден во мојата кариера. Неверојатно, немам што друго да кажам. Овој ден ќе го паметам засекогаш. Никогаш не сум уживал повеќе во животот“, кажа младата скијачка.

Фото: EPA