ТФТ во завршницата го скрши Гостивар за 19. триумф во Супер лигата (ФОТО)

Кошаркарите на ТФТ триумфираа против Гостивар со 87-82 во 21. коло од македонската Супер лига и ја запишаа 19. победа во шампионатот.

Првото полувреме донесе израмнета кошарка и предност на скопската екипа од 45-42, а Гостивар беше подобар во нападот во третата четвртина и го сврте резултатот во своја корист.

Гостивар имаше и +11 (72-61) во последната четвртина, додека ТФТ се обидуваше да го скрши отпорот на ривалот и конечно му успеа тоа во завршницата, кога со серија 11-0 успеа да стигне до триумфот.

Георги Зафиров беше најефикасен кај ТФТ со 18 поени, четири скокови и три асистенции, додека Јован Црниќ постигна 25 поени, два скокови и една асистенција за Гостивар.

ТФТ на 31 март го чека голем предизвик, односно ќе игра „мајсторка“ против Златибор во АБА2-лигата.