Германија ја совлада Швајцарија во меч со седум гола, Србија се распадна против Шпанија

Вечерва беа одиграни неколку пријателски натпревари, при што до победа стигна Германија на гости кај Швајцарија со 4-3, додека Шпанија ја уништи Србија со 3-0, а Англија киксна со Уругвај (1-1).

Ефикасно прво полувреме понудија двете репрезентации во Базел, а Швајцарија поведе со голот на Ндоје, по што Тах израмни на 1-1.

Емболо го врати водството на домаќините, но набрзо Гнабри погоди за 2-2 на полувреме во Швајцарија.

Вирц во 61. минута стрелаше за целосен пресврт, но Монтеиро на 10 минути пред крајот на регуларниот дел израмни на 3-3.

Во главна улога повторно се најде Вирц, и тоа во 86. минута кога со неговиот втор гол ѝ донесе триумф на Германија од 4-3.

Шпанија го најави триумфот против Србија уште во првото полувреме со двата погодоци на Микел Ојарзабал, додека Виктор Муњоз ги постави конечните 3-0 во финишот од натпреварот.

Англија долго се мачеше да ја пробие одбраната на Уругвај и успеа во 81. минута преку Бен Вајт, но во четвртата минута од судиското надополнување Федерико Валверде погоди за 1-1.

До победа вечерва стигна и Холандија во средбата против Норвешка со 2-1.

Фото: Facebook/Germany Football Team