Партизан ѝ пресуди на Валенсија, Ц. Звезда загуби на гости кај Барселона
Валенсија ја доби првата четвртина во Белград со 27-17, додека „црно-белите“ возвратија во втората четвртина и на полувреме заминаа со 41-41.
Двете екипи понудија голема борба и во второто полувреме, по што изборија продолженија каде што Партизан триумфира со конечни 110-104.
Најефикасен кај Партизан беше Стерлинг Браун со 31 поен, седум скокови и две асистенции, додека Камерон Тајлер запиша 18 поени, шест скокови и четири асистенции за Валенсија.
Црвена Звезда беше подобра во првите 10 минути со 20-18, додека Барселона до полувреме го сврте резултатот во своја корист (42-40).
Второто полувреме, исто така, понуди интересна кошарка, а Ц. Звезда во финишот на регуларниот дел успеа да влезе во мини-серија и да избори продолженија, каде што Барселона славеше со конечни 92-88.
Џордан Нвора беше најефикасен кај „црвено-белите“ со 26 поени, осум скокови и две асистенции, додека Вил Клејбрн постигна 17 поени, еден скок и две асистенции за Барселона.
На останатите натпревари, Жалгирис го совлада Фенербахче со 92-82, Панатинаикос беше подобар од Монако со 107-97, а Басконија го совлада Хапоел Тел Авив со 118-109.
Фото: KK Partizan