Тешка сообраќајка на Тајгер Вудс, го сечеле автомобилот за да го спасат!

Најдобриот голфер во историјата, Тајгер Вудс доживеа тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, по што пожарникарите морале да го сечат автомобилот за да го извлечат спортистот.

Првите информации кои ги објавија американските медиуми се дека голферот има скршеници на двете нозе, но тоа засега не е официјално потврдено.

„Возилото беше премногу оштетено, а Вудс беше извлечен така што пожарникарите го сечеа автомобилот, по што голферот е испратен во болница со Брза помош“, соопштија од полицијата.

Засега не е познато што ја предизвикало несреќата на познатиот спортист, а полицијата го истражува случајот.

Tiger Woods has been hospitalized after being involved in a single-car crash, the Los Angeles County Sheriff's Department announces. Firefighters and paramedics used the “jaws of life” to get Woods out.

Posted by Bleacher Report on Tuesday, February 23, 2021