Турција падна по пет сета: Италија е светски шампион во одбојка!

Одбојкарките на Италија ја совладаа Турција со 3-2 во сетови и го освоија шампионскиот пехар на Светското првенство (СП), кое се играше во Бангкок, со што стигнаа до втората титула во историјата.

По голема борба, Италија успеа да го освои првиот сет со 25-23, но во следниот Турција возврати со одлична игра и со 15-13 израмни на 1-1 во сетови.

Италијанките продолжија да доминираат и во следниот беа подобри со 26-24, додека Турција успеа да возврати во четвртиот со 25-19.

Последниот сет помина во доминација на девојките од Италија, кои беа фантастични на теренот и со 15-8 ја запишаа големата победа.

Одбојкарките на Италија продолжија со извонредната форма и стигнаа до 36 победа по ред во сите натпреварувања.

Фото: Federazione Italiana Pallavolo