Турција е европски шампион во женска одбојка
Првиот сет беше неизвесен од почетокот до крајот, а Србија во финишот влезе со водство од 18-15, меѓутоа Турција се врати и набрзо се избори за сет-топка (24-23). Сепак, нашиот северен сосед се спаси и потоа со пресврт преку Тијана Бошковиќ го освои сетот.
Во вториот водеше Турција до крајот и го доби со 25-21, по што следеше повторно добра игра од Србинките кои го добија наредниот со 25-22.
Турчинките не се откажуваа и во следниот беа подобри со идентичен резултат (25-22), а последниот сет донесе големи возбудувања и драма по која Турција беше подобра со 15-13.
Најдобра во победничката репрезентација беше Мелиса Варгас со 41 поен, додека на спротивната страна Бошковиќ постигна 37 поени.