Младите одбојкарки ги чека дуел против БиХ за голем прогрес кон полуфиналето

Македонската женска одбојкарска репрезентација до 17 години вечер од 20 часот ќе ги одмери силите со домаќинот Босна и Херцеговина во 2. коло од Балканското првенство во кадетска конкуренција.

Македонија во 1. коло од А-групата ја совлада Албанија со 3-0 (25-9, 25-15, 25-16). На овој меч се истакнаа Серафимова со 15 и Маројевиќ со 14 освоени поени.

Со евентуална победа над БиХ, македонските одбојкарки ќе направат голем прогрес кон полуфиналето.

Во последното коло, утре македонската селекција ќе се сретне со Бугарија.