Трамп сака да организира УФЦ спектакл на тревникот пред – Белата куќа!

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека разгледува можност за организирање УФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа кој би бил следен од 25.000 гледачи, како дел од прославата на 250-годишнината од американската независност која се „паѓа“ следната година.

Тој ја претстави оваа идеја на на почетокот од серија манифестации со кои ќе се одбележи јубилејот на 4 јули во 2026 година.

„Имаме многу простор таму. Замислете вистинска борба од УФЦ пред 20 до 25 илјади луѓе на тревникот пред Белата куќа“, изјави Трамп.

Портпаролката Каролин Левит изјави дека претседателот на САД е „смртно сериозен“ во врска со оваа идеја. Трамп е познат како долгогодишен љубител на мешани боречки вештини (MMA) и е близок пријател со претседателот на УФЦ, Дејна Вајт.

ФОТО: X.com