Мекгрегор ќе заработи вртоглава сума од мечот против Сероне

Буџетите на борбите во УФЦ не се така големи во споредба со професионалниот бокс, но вистинското богатство доаѓа од „пеј пер вју“ или „плати па гледај“ преку кабелските оператори и стриминг сервисите. 

Според однапред договорените услови Конор Мекгрегор имаше загарантирани 2,3 милиони фунти од борбата со Доналд Сероне без разлика дали победил или загубил, додека неговиот ривал само 350.000 фунти. 

Сепак, според првичните пресметки од продадените тв-права, спонзорите и „пеј пер вју“ изнајмувањата на борбата, Мекгрегор ќе инкасира вртоглави 60 милиони фунти. Добро ќе профитира и Сероне, но далеку помалку во однос на Ирецот.

60 милиони фунти за 40 секунди! Не е така лошо.