
Алексовска е во финале, Македонија обезбеди уште еден медал на ЕП во ММА!
Алексовска мечот го доби на поени, Македонката доминираше во текот на сите три рунди и убедливо ја совлада израелската противничка.
За финалето Алексовска ќе се бори против противничка од Украина. Мечот е во сабота од 18:20 часот.
Претходно на ова ММА Европско првенство, златен медал освои Марко Трајановски.