Спасеновски и Османи се закитија со злато на младинското првенство во карате!

Карате репрезентацијата на Македонија со два златни медали го заврши настапот на Европското младинско првенство (ЕП), кое изминативе денови се одржа во Алборг (Данска), а кое може да се оцени како историско за нашата селекција со оглед што завршивме со дури четири пласмани на пиедесталот за најдобрите.

Доан Османи дојде до епитетот најдобар во Европа во категоријата до 75 килограми, додека Петар Спасеновски стана европски првак во категоријата до 84 килограми, двајцата во младинска конкуренција до 21 година.

Претходно, со сребрени медали се закитија Глигор Петков во јуниорска, односно Бојан Костов во младинска конкуренција.