Огромен успех на македонската репрезентација во бразилска џиу-џица!

Македонската џиу-џица репрезентација освои 18 медали на престижниот меѓународен турнир „Abu Dhabi Pro Rome 2018“.

Селекцијата освои пет златни, десет сребрени и три бронзени медали), а од повеќе од 30 држави, нашите беа на престижното четврто место. Како тим на „РУТС БЏЏ“  беа втор најдобар тим од вкупно 61.

Кај најмладите Даниела Алексовска, која е државен првак,  повторно се бореше рамо до рамо со момчињата и повторно успеа да ги победи и да го освои златниот медал. Најмалиот македонски претставник Марко Панчевски исто така освои златен медал.

Во категорија на „Мастери“, нашиот тим го претстави Претседателот на Федерацијата за џиу џица, Ивица Алексовски, кој освои сребро исто како и Дејан Чолески.

Кај девојките со златен медал се закити Надежда Василевска.