Вежба која не смеете да ја практикувате дома: Џошуа тренирал во стилот на Мајк Тајсон (ВИДЕО)

После победата над Енди Русиз, Британецот Ентони Џошуа повторно е сопственик на четирите шампионски појаси.

Факт е дека Џошуа брутално се подготвувал за овој натпревар, во борбата влезе со тешина од 107 килограми, а одличната физичка подготвеност беше очигледна, бидејќи Британецот неуморно работеше со двете раце во текот на сите 12 рунди.

На крајот тоа му донесе и победа, а во подготовките откри дека го копирал големиот Мајк Тајсон. Тој ги користел вежбите за зајакнување на вратот и очигледно тоа многу му помогнало.

Се разбира, и многу други спортисти ја користат оваа вежба за нивна подготовка, но истата не смеете да ја применувате по дома поради несакани последици.