Скандал во Србија: Еден од најдобрите боксери суспендиран на три години!

Eден од најдобрите српски боксери, Милијан Ровчанин е суспендиран на три години откако паднал на допинг тест.

Антидопинг агенцијата на Србија објави дека на 20 август 2025 година, Ровчанин бил позитивен на достанлон, анаболички стероид кој често се поврзува со спортски скандали. Сега тој во рингот ќе може да се врати дури 19 август 2028 година.

Во моментот на суспензијата Ровчанин има импресивен скор од 27 победи од кои 18 со нокаут и само пет порази. Последниот меч Ровчанин го имаше во мај оваа година кога загуби од Русинот Арсланбек Макумудов, таа борба српскиот боксер ја загуби со нокаут уште во втората рунда.

Фото: rovcaninmiljan/Instagram