Нокаут на годината: Го патосира противникот со директ кој одекна

Младиот нигериски тешкаш Ефе Аџаба стигна до 15-та победа во кариерата после нокаутот на годината, откако го патосира Брајан Харвард во третата рунда, ама директот со кој го легна на под својот ривал така силно се слушна, што и коментаторите останаа зачудени.

На Харвард му се стемни во секунда откако го доби ударот.

„Како само одекна овој удар. Како пукна? Баш така ни звучеше нам“, рече еден од коментаторите.