Грозоморно: Боксер со нож ја избодел својата девојка до смрт! (ВИДЕО)

Турски боксер Селим Ахмет Кемалоглу направи злосторство во неделата, кога до смрт со нож ја иззбодел неговата девојка Зејнеп Сенпирар.

Турските медиуми пишуваат дека Кемалоглу ја нападнал девојката за време на доручекот, а потоа се повредил и себеси, но тие повреди не биле опасни по живот.

Се шпекулира дека причина за нападот е тоа што девојката не сакала да биде повеќе со него во љубовна врска и сакала да го напушти.

Кемалоглу постојано ја малтретирал психички Зејнеп, а тоа е една од причините поради кои таа сакала да го напушти.