
Боксерка на мерење дојде во танга, па противничката од лутина ја – претепа (ВИДЕО)
Таа првично требаше да се бори против Аврил Мати од Австралија, но таа мораше да го откаже мечот, па дојде до промена, поради што Британката премногу се опушти и веќе мислеше дека победила. Тоа можеше да се види од нејзиниот настап пред мечот, кога „на мерење“ дојде во сина танга и градник, што предизвика големо медиумско внимание, но се чинеше дека ја мотивираше и нејзината противничка.
Јошида победи со едногласна одлука, што не е изненадување со оглед на тоа како ја победи противничката. Официјалната статистика вели дека во неа биле упатени 122 удари, наспроти 66 што таа ги упати кон Јапонката. Останува да се види дали Бриџис, која е поранешна професорка по математика, а сега модел на Онли Фанс, ќе продолжи да доаѓа во атрактивна долна облека за мерења, или ќе ја научи лекцијата.