Уште една легенда добива свој документарен филм! (ВИДЕО)

Документарецот посветен на Мајкл Џордан и неговата ера во Чикаго е инспирација за многумина да направат приказна за најдобрите во спортот.

И легендата во НФЛ-лигата, Том Брејди, ќе го добие својот „Последен танц“, документарен филм од девет епизоди, кој исто така ќе го направи „ЕСПН“.

Серијалот, кој ќе биде објавен во 2021 година, ќе се осврне на најважните моменти во кариерата на Брејди, вклучително и детали од сите девет Супербол мечеви, каде што беше како квотербек во тимот на Њу Ингланд.

Документарецот на Брејди ќе се занимава и со некои мали, навидум незначајни детали кои се покажале клучни за неговата успешна кариера.

Еден од клучните луѓе во реализацијата на овој проект ќе биде Конор Шел, ветеран кој се стекна со искуство работејќи на исклучително успешни емисии „30 за 30“, како и извршниот директор на „Последниот танц“ и документарен филм за Брус Ли, кој треба да биде објавен наскоро.

Деветте Супербол натпревари во 20 годишната успешна кариера е доволно за да се направи документарец. Ние сме воодушевени што можеме да работиме со Том Брејди, кој ќе ги погледне назад деветте сезони што ја одбележаа неговата кариера и моментите што го дефинираа, истакна Шел.

Ова е трејлерот за „Последниот танц“ на Том Брејди, кој ќе се вика „Човек во арената“.