Крај на долгата традиција: Откажан маратонот во Бостон по 124 години!

Бостонскиот маратон, кој требаше да биде одржан во април, а поради пандемијата беше одложен за септември, сега е откажан за првпат во 124 години долгата историја.

Наместо реална трка, ќе има „виртуелен настан“, а сите учесници кои потврдиле дека истрчале повеќе од 42 км ќе добијат медал.

„Бидејќи не може да го донесеме светот во Бостон во септември, планираме на светот да му го донесеме Бостон“, соопштија организаторите.

Организаторите кажаа дека приоритет е здравјето на целата јавност, па поради тоа се решиле на ваков потег.