Унгарија по голема борба го совлада Бразил, моќната Франција обезбеди четвртфинале

Унгарија оствари многу важна победа над Бразил, триумфираа со 28-25 и останаа во трка за позициите кои носат во четвртфиналето на Светското ракометно првенство, Франција со убедливи 41-29 беше подобра од Иран.

Унгарија водеше во најголем дел од мечот, но Бразилците се враќаа и не дозволуваа противникот да се одлепи. Резултатот на полувремето беше нерешен 14:14. Во еден момент од вториот дел Унгарците се одлепија на +5, но Бразилците стигнаа до минус еден во самиот финиш, беше 25-24 за Унгарија. До крајот Унгарците дадоа три гола, Бразил еден и дојдоа до триумф од 28-25.

Лекаи со седум гола беше најефикасен во составот на Унгарија, Габор постигна шест, кај Бразил, Да Силва реализираше шест пати.

Во вториот дуел од овој термин, Франција очекувано убедливо со 41-29 го совлада составот на Иран. Брие и Турна постигнаа по шест голови за Французите. 

Французите се во четвртфиналето, а во директен дуел со Шпанците ќе се борат за првото место во нивната група.