Србија се држеше едно полувреме - потоа проработе француската машинерија

Франција очекувано стигна до втората победа на Светското ракометно првенство откако во рамки на Групата А ја совлада Србија со убедливи 32-21.

Во првиот дел Србите играа одлично и држеа каква-таква резултатска неизвесност, а на полувремето актуелниот светски првак имаше водство во 15-12. Во вториот дел, работите се променија. „Триколорите“ почнаа агресивно и со серија од 6-1 стигнаа до убедлива предност од +9 и го решија натпреварот. До крајот со многу ротација Дидие Динар ги откажа сите надежи на Србија и фаворитот дојде до конечна победа од 32-21.

Недим Ремили и Лудовик Фабрегас со по пет голови беа најефикасни кај Франција, додека во редовите на Србија најмногу се истакнаа Богдан Радивојевиќ и Мошиќ со по четири голови.

Еден од ко-домаќините на Светското првенство Данска во рамки на Групата Ц исто така дојде до убедлив триумф од 36-22 против африканскиот првак Тунис. Микел Хансен со седум голови и Расмус Лауге со шест беа најдобри во таборот на домаќинот.