Почина легендарниот шведски селектор Бенгт Јохансон

Поранешниот шведски ракометар, а потоа и селектор на оваа репрезентација Бенгт Јохансон починал вчера на 79-годишна возраст. 

Јохансон долго време боледуваше од Паркинсова болест. Како ракометар дресот на „викинзите“ го носеше од 1964 до 1972 година. Јохансон беше селектор на Шведска цели 16 години од 1988 до 2004 година. Во неговиот мандат, Швеѓаните апсолутно доминираа со светскиот ракомет и освоија две светски титули, четири европски првенства, а три пати освои сребрен медал на Олимписките игри во 1992, 1996 и 2000 година.