Легендарна ракометарка се срушила на теренот и завршила во болница!

Норвешката ракометна голманка, Катрин Лунде паднала во тек на натпревар и веднаш била пренесена во болница.

Катрин Лунде која е една од најтрофејните ракометни голманки на сите времиња, заврши во болница откако падна среде меч.

Во текот на мечот меѓу нејзиниот Вајперс Кристиансанд против Ромарике Равенс, Лунде се фатила за стативата и седнла на паркетот, во теренот веднаш влегла лекарска екипи и интервенирала.

Голманката вендаш била однесена во болница, а првите информации се дека имала само пад на крвниот притисок.