
Хрватска се загреа за Македонија - без проблем ја суреди Јапонија
Хрватите го почнаа одлично натпреварот против брзите Јапонци, па со серија од 6-0 стигнаа до водство од 7-1, на кое потоа следуваше и малку подобра игра од Јапонија и намалување на три разлика (6-9).
Сепак, мечот продолжи со исто темпо до крајот на првите 30 минути, а на паузата Хрватска замина со предност од 18-13.
Во второто полувреме следуваше „реприза“ од првото. Хрватска отвори со серија од 6-0 за водство од +10 (24-14), а во продолжение постојано ја одржуваше предноста, која во еден момент порасна и на +11 (29-18), но сепак на крајот Хрватите триумфираа со 35-27.
Најефикасен ракометар на мечот беше хрватскиот репрезентативец Златко Хорват со осум постигнати гола.
Хрватска на овој начин се загреа за утрешниот дуел против Македонија, кој се игра од 18 часот.