Французинките станаа светски шампионки во ракомет!

Ракометарките на Франција вечерва беа подобри со 31-28 од Норвешка во финалето на Светското првенство (СП) и така се реваншираа за поразот од пред две години.

Франција имаше водство на почеткот (3-2), по што Норвешка презема иницијатива и направи пресврт (10-9). Сепак, од средината на првото полувреме, Французинките фатија одличен ритам и со неколку голови по ред стигнаа до предност од 20-17 на полувреме.

Норвешка не се предаваше и постојано го напаѓаше голот на Франција за да намали на 25-26 до половината на вториот дел, меѓутоа потоа следеше серија од 3-0 на новиот шампион кој создаде недостижна разлика (31-28).

Хорачек и Грандво постигнаа по пет голови за победничката репрезентација, додека Морк со осум голови беше најефикасна кај Норвешка.