Дончиќ се повреди: Не е добро, но не се предавам!

Најголемата ѕвезда на Далас маверикс, Лука Дончиќ на прес-конференција кажа дека е повреден и засега не е познато дали ќе настапи во четвртиот меч против Лос Анџелес Клиперс.

Дончиќ постигна 22 поени, 10 скокови и девет асистенции против Клиперс во победата на Далас, а најави дека ќе даде сè од себе да настапи и во следниот дуел.

„Не е добро, почувствував болка, но не се предавам. Наскоро ќе знаеме повеќе детали. Ме познавате, не се откажувам“, кажа Дончиќ.

Далас води со 2-1 во плејоф серијата против Клиперс, а четвртиот меч меѓу екипите се игра во Тексас.