Сензација во Мадрид: Циципас шокиран од 118. тенисер во светот!

Освојувачот на турнирот во Монте Карло, Стефанос Циципас беше поразен во второто коло на мастерсот во Мадрид од 118. тенисер во светот, Тијаго Монтеиро.

Монтеиро беше одличен на теренот и направи брејк во третиот гем од првиот сет за да стигне до 6-4, додека во вториот повторно му го одзема сервисот на Гркот и повторно славеше со 6-4.

Победа оствари и италијанскиот тенисер Јаник Синер, кој го надигра сонародникот Лоренцо Сонего со 2-0 во сетови.