
Франција го доби дербито против Норвешка
Норвешка го отвори мечот со 3-0, а полека водството се топеше како изминуваше времето и набрзо Франција стигна до првиот пресврт (8-7). Сепак, на полувреме двете селекции заминаа со нерешен резултат (12-12).
Франција имаше подобар почеток на вториот дел и предност од 17-14, но Норвешка не се откажуваше и направи пресврт (22-21), меѓутоа во финишот подобри беа Французинките кои триумфираа со 24-23.
Нзе Минко постигна шест гола за Франција, додека по четири за Норвешка запишаа Морк и Ингштад.