Уште една фантастична партија на Томовски за Битигхајм!

Македонскиот ракометен голман, Мартин Томовски блескаше и во второто коло од втората Бундеслига во Германија.

По фантастичното издание во првото коло по кое се најде во тимот на колото, Томовски својот квалитет го покажа и во вториот меч од сезоната.

Овојпат со 11 одбрани беше еден од најважните во составот на Битигхајм кој со 33-30 го совладаа Либек. Македонскиот голман имаше 41 процент успешност на одбранети удари.

По две одиграни кола, Битигхајм има исто толку победи.