
Македонија ги дозна ривалите против кои ќе го почне патот до ЕП 2029
Македонија се најде во групата А заедно со селекциите на Луксембург, Ирска и Азербејџан.
Првопласираните три селекции и најдобрата второпласирана ќе обезбедат пласман во втората натпреварувачка фаза.
Првата фаза од претквалификациите ќе се игра во три прозорци. Првиот е од 24.номеври до 2. декември, 2025 година, вториот е во периодот од 23. февруари до 3. март, 2026 година, а последниот ќе се игра во периодот од 29. јуни до 7. јули, во 2026 година.
Во втората рунда, освен овие четири репрезентации ќе бидат приклучени и осум репрезентации кои ќе бидат елиминирани во првиот круг од европските кваллификации за Светскиот Куп 2027 година во Катар.
Ќе бидат поделени во четири групи, а првопласираните ќе обезбедат место во квалификациите за Европското првенство.