Дончиќ им држеше лекција на сонародниците: Смирете се, не треба да се караме (ВИДЕО)

Словенија се пласира во четвртфиналето на Евробаскетот, откако славеше со 84-77 против Италија, а на еден од тајм-аутите Лука Дончиќ им држеше лекција на сонародниците.

Снимката од тајм-аутот стана вирална со огромна брзина затоа што Италијанците намалија на седум поени негатива, а соиграчите на Дончиќ почнаа да губат концентрација и да бидат нервозни на паркетот.

„Водиме седум разлика, смирете се. Нервозни сте без потреба. Треба да се фокусирате, не треба да се караме, играме против нив, а не меѓу себе“, посочи Дончиќ.