
Магдевски: Не нѐ очекува лесен пат во претквалификациите
Македонија ќе игра против Ирска, Азербејџан и Луксембург и јасно е дека нашиот национален тим ја има фаворитската улога, но Магдевски тврди дека треба да дадеме максимум за да ја поминеме оваа фаза.
„Не не чека лесен пат, затоа што репрезентациите на Ирска, Азербејџан и Луксембург кои ни се ривали во групата, заслужуваат почит. Во последните години вложуваат и напредуваат во кошарката. Искрено се надевам дека сите ќе бидеме здрави, без повреди во ноември и овие претквалификации ќе ги започнеме со позитивен скор“, вели Магдевски.
На стартот на претквалификациите, Македонија се среќава со Азербејџан и Ирска и тие натпревари се играат во ноември.