РФМ постави четворица нови селектори во младинските репрезентации

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска назначи четири нови селектори во младинските репрезентации, и тоа во женските селекции до 15, 17 и 19 години, како и во машката селекција до 17 години.

Управниот одбор на РФМ донесе одлука да го постави Симе Симовски за селектор на женската македонска репрезентација до 19 години, додека Даниела Новеска ќе ги предводи девојките до 17 години.

Горан Кузманоски ќе биде предводник на машката репрезентација до 17 години, додека Славиша Димитријески доби улога на селектор за женската национална селекција до 15 години.

Фото: Ракометна Федерација на Македонија