
Тер Штеген одби да ѝ помогне на Барса, клубот отвори дисциплинска постапка
Со овој потег, искусниот чувар ја блокираше можноста за користење 80% од неговата плата за регистрација на нови фудбалери. Поради неговиот став, клубот веднаш почна дисциплинска постапка против него што може да резултира со тешки санкции, вклучувајќи и парична казна имајќи предвид дека овој поетег е штетен за Барселона.
На овој начин продолжува војната меѓу двете страни. Тер Штеген прво одби да биде продаден и покрај тоа што во новата сезона најверојатно ќе биде трет голман на екипата. Како стартер се очекува Жоан Гарсија, а негова замена Војчех Шчесни. Германецот има договор до 2028 година што е голем проблем за Барселона бидејќи многу веројатно Тер Штеген нема повеќе да застане на голот.