
Милан е фудбалски гигант, следна цел е - кошарката
Интересно е тоа што не се бараат само кошаркарски клубови, туку кој било што е заинтересиран да влезе во оваа комбинација. Затоа во игра се Манчестер Сити, ПСЖ и од овие денови седумкратниот европски шампион Милан.
Газета дело спорт објави дека најверојатно „росонерите“ ќе добијат своја кошаркарска секција, а идејата ја форсираат американските сопственици, односно групацијата Ред Бирд Капитал. Компанијата од Њујорк го купи Милан во 2022 година и смета дека е време да се премине во следната фаза – кошаркарски клуб кој ќе биде дел од одбраното НБА друштво.
Ова е многу чудно ако се знае дека Милано ја има Олимпија која е најтрофеен италијански клуб. Многу веројатно Олимпија нема да биде дел од НБА групата, а новоформираниот Милан не би се натпреварувал во италијанското првенство, туку само во новоформираната лига.